Две лица од Скопје подведувале 17-годишна малолетничка на сексуални услуги. Осомничените ја присилувале и на давање сексуални услуги на други лица за што се стекнале со одреден паричен дадомест.
Бројот на сообраќајните несреќи со смртни последици бележи големо намалување во споредба со 2017 година , но брзото возење и неприлагодената брзина на условите на патот и понатаму се главна причина за сообраќајните несреќи во југоисточниот дел на државата.
Педесетгодишен стружанец се здобил со тешки телесни повреди по напад од негов сограѓанин во угостителски објект во Струга.
Дваесет килограми марихуана пронајде полицијата во Дебар, а четири лица, еден македонски и тројца албански државјани се приведени.
Две лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од вкупно шест сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во четири била причинета материјална штета.
Вчера околу 22 часот во Полициската станица Центар, Д.Г. (40) од Скопје пријавил дека истиот ден во времето од 20.30 до 20.35 часот, пред маркет на улица „Рузвелтова“, непознат сторител одзел патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Спогодби со две лица обвинети за Криумчарење мигранти по член 418-б став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Полицијата во источна Македонија уапси тројца ловџии, кои биле фатени во криволов, односно не поседувале соодветна дозвола.
Вандалски чин повторно резултираше со уништување на новопоставената урбана опрема во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Во последниот случај, како што велат надлежните, мета на вандалите биле новопоставените улични светилки на оградата од училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар”.
Од СВР Велес информираат дека синоќа околу 18.00 чaсот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, минибус „Аутосан“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.П.(63) удрил во пешакот П.Ц. (58).