Еден косовски и еден албански државјанин се уапсени вчера на граничниот премин „Долно Блаце“ при влез во Македонија врз основа на известување од Интерпол.
Како што соопшти МВР, на 12.01.2019 М.С. е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесена кривична пријава.
Петнаесет годишно девојче од селото Радово загина утрово во сообраќајна несреќа што се случи кај селото Дабиле, а две лица се повредени и се пренесени во струмичката болница.
Соседите и хигиеничарката која му чистела во неговиот стан го немале видено веќе неколку денови. Загрижени ги повикале неговите роднини кои не успеале попладнево да влезат во станот
На 11.01.2019 година околу 04.00 часот било пријавено дека пред ноќен клуб на улица „Јордан Мијалков“ во Скопје непознато лице им се заканувало по животот на три лица од агенција за обезбедување, кои го обезбедувале објектот.
Шестотини дваесет и две сообраќајки се регистрирани во 2018 година на подрачјето кое го покрива Секторот за внатрешни работи Велес, со три жртви. Се работи за општините Велес, Кавадарци и Неготино.
Обвинителството од Кавадарци до Судот во Неготино поднесе обвинение за поранешен градоначалник на Неготино за злоупотреба на службената положба.
Сопатник се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно шест сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според Методија Николоски, од прилепската противпожарна единица, во 17:15 часот во единицата бил пријавен пожарот, но е навреме локализиран.
Верижен судир во кој учествувале три aвтомобили и едно комбе, се случил утринава на патот Прилеп – Битола во близина на селото Алинци. Како што јавува локалниот портал Маркукуле, во сообраќајката имало и повредени лица.