По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против 35-годишно лице од Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка за сторено кривично дело „разбојништо“ од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донел наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Албанија, за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според Кривичниот законик.
Македонската државјанка С.Т., која беше тешко повредена во несреќата кај Лесковац кога од патот излета автобус со патници од Македонија и се преврте, починала ноќеска во Клиничкиот центар во Ниш, јавува Танјуг.
Тринаесетгодишно момче е повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа вo 20:00 часот на крстосница од бул.„Никола Карев“ и ул. „362“ во Скопје.
Полицијата открила 38 возачи кои ноќеска управувале возило под дејство на алхохол, во рамки на зајакната акциска контрола спроведена на подрачјето на СВР Скопје во периодот од 00:00 до 05:00 часот.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека по преземени мерки од страна на полициски службеници вчера се пронајдени сестрите С.К(14) и Т.К. (13).
Три лица се лишени од слобода и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а едно лице е во бегство во врска со пукањето што се случи пред два дена на паркинг позади маркет во Чаир.
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, со поддршка на ОСПО, ноќеска пресекле уште еден меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, при што се запленети околу 60 килограми марихуана и од слобода се лишени тројца државјани на Албанија.
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва, во прериодот меѓу 19 и 19.30 часот во близина на хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
На 20.12.2018 година е пријавено дека во катна гаража „Солунски Конгрес“, во која се наоѓа ноќен клуб, на 19.12.2018 година околу 23:00 часот неколку лица, под дејство на алкохол, го нарушиле јавниот ред и мир.