Според СВР Тетово сообраќајката се случила околу 18 часот при што дошло до судир на автомобил „опел астра“ со тетовски регистерски ознаки, што ја управувал К.С. (27) од Тетово и џип „киа“ со скопски ознаки што го упраувал С.П. (54).
Дваесет и петгодишниот скопјанец С.С. вчера во 02:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на улицата „Димитрија Чуповски“ во ноќен клуб додека бил заедно со неговиот пријател Д.А.(25) од Скопје биле физички нападнати од страна на четири непознати лица.
Седумдесет и седумгодишен прилепчанец вчера физички бил нападнат од три лица во својот дом. Напаѓачите му одзеле 700 денари и облека.
Деветнаесет годишник од Кавадарци со возило „рено меган” со кавадаречки регистарски ознаки утрово околу три часот излетал од патот кај Ваташа и паднал со автомобилот во реката Луда Мара. Возачот успеал да се спаси преку отворање на задните прозорци од возилото, потврди полицијата за МИА.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место каде синоќа се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.
Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција.
Полицијата во Тетово приведе бугарска државјанка за посредување при вршење проституција.
Полицијата во домот на 16-годишен малолетник во гостиварско Сенце пронајде оружје за кое постои сомнение дека потекнува од кражби. Малолетникот и таткото се приведени.
На регионалниот патен правец Битола-Прилеп, во непосредна близина на населеното место Вашарејца синоќа во 20 часот се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа две лица, информираат од СВР-Битола.
Пешак во Куманово, загина откако во него удрил автомобил „тојота јарис“ со скопски регистарски таблички, соопшти МВР.