Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје се случиле вкупно 34 сообраќајни незгоди.
Лажни пари кружат во Македонија, штипјанец со фалсификувани пари купил автобуска карта и разменил 50 евра.
На гробиштата во тетовското село Јеловјане на Шар Планина денеска беше погребан 36-годишниот Беким Алиу, кој пред два дена беше застрелан и запален од полицаецот 24-годишниот Енвер Тоска во атарот на прилепското село Беловодица.
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „спречување на докажување“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (34) од Кичево.
Мерка притвор во траење од 30 дена на Е.Т. (24) од Битола, кој се сомничи за убиството во Беловодица му одреди Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп.
Секторот за внатрешни работи Скопје, до скопското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.У.(36), С.Ш.(18) и С.Љ.(19), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешки кражби“ и против Б.Е.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „прикривање“, при што се стекнале со противправна имотна корист од 254.500 денари.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера околу 12:00 часот пријавениот го контактирал сега покојниот А. Б. (36) во село Јеловјане и му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“, сопственост на лицето Ј.С. од Битола.
Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека ноќеска околу 02,00 часот полициски службеници од ПС Прилеп и СВР Битола го привеле 24-годишниот Е.Т. од Битола, полициски службеник, поради основано сомнение за убиство на 36-годишниот А.Б..
Синоќа со помош на Противпожарната екипа од водите на реката Вардар во Скопје е извадено машко лице кое барало помош.