Полицијата го откри и го приведе сторителот на свирепото убиство на 36-годишниот Бекир А. од Битола, што се случило вчера околу 16.30 часот на патот за селото Беловодица, Прилепско, потврдува Маријана Илиеска, обвинител во прилепското јавно обвинителство кое правеше увид.
Околу 16:30 часот во полиција било пријавено дека во село Беловодица на патот гори непознато лице.
На автобуска постојка на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје вчера околу 13.00 часот 15-годишно момче од скопското село Арачиново, физички било нападнато од друг малолетник од Арачиново, ученик во државното средно училиште „Зеф Љуш Марку“.
Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Зрновци Блаже Станков и двајца негови сотаботници за злоупотреба на службената положба.
Заборавено тенџере е причината за пожарот којшто вчера неколку минути по полноќ избувнал во стан на улицата „Македонска војска“ во скопската населба Ѓорче Петров.
Шеесет и двајца возачи во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје возеле побрзо од дозволеното, а шестмина биле под дејство на алкохол.
Регионалниот центар за гранични работи Југ до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Ф.(35) од скопското село Студеничани, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Напуштен отпад во близина на црквата во скопската населба Маџари во моментот гори, јавува МИА.
На ул.„Сава Михајлов“ во Скопје на 10.09.2018 година во 19.30 часот полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Матиз“ со велешки регистарски ознаки, кое било паркирано на тротоар, како и проверка на идентитетот на возачот.
Две патнички возила утринава биле опожарени на паркинг на булеварот „Јане Сандански“ без број, зад ортопедската клиника „Мајчин дом“ во Аеродром.