Напаѓачот кој на 3 август на кеј „13 Ноември“ физички го нападна 66-годишниот скопјанец кој потоа почина од нанесените повреди, е фатен и одредена му е мерка притвор од 30 дена.
Вториот параглајдерист, кој беше префрлен на лекување во болницата во Прилеп поради тешките поврди здобиени по пад кај Мечкин камен, во Крушево, вечерва им подлегнал на повредите.
Еден параглајдерист починал, а друг се здобил со тешки телесни повреди откако двајцата паднале кај Мечкин Камен во Крушево, соопштуваат од МВР.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ј.Б. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уцена”.
Непознат сторител вчера попладне ја киднапирал дваесет и тригодишната Ќ.М. од Скопје и насилно ја внел во патничко возило со кое се упатил кон Велес.
Од куќа во прилепско Кривогаштани украдени се околу 20 илјади евра. Кражбата е извршена ноќеска во периодот од 03 до 08 часот во домот на 60-годишниот М.Ш.
Жител на Радовиш вчера во Полициската станица во градот пријавил дека на местото викано „Ќучук Ерик“ забележал починато женско лице, информира МВР.
Жител на скопското село Визбегово, Џ.Р. (62) вчера на бул. „Никола Карев“ во Скопје, е тешко повреден откако бил удрен од патничко возило „БМВ 530“ со холандски национални ознаки, управувано од А.А. (30) од Холандија.
Педесет и едногодишниот скопјанец К.И. синоќа пред маркет на ул.„Лазо Трповски“ во Скопје пукал кон Б.Б. (23) и Р.Б. (20), откако претходно се расправале поради нерасчистени должничко-доверителски односи.
Две лица се потешко, а девет полесно повредени во вкупно 12 сообраќајки кои се случиле изминатото деноноќие во Скопје. Во пет сообраќајки имало само материјална штета.