Во пожар кој настанал вчераутро во гостиварското село Форино целосно изгорела плевна и покривите на три околни објекти. Во пожарот нема повредени лица.
Во текот на изминатите денови во градината на Клиниката „Жан Митрев“ се запалени две палми од страна на група млади лица, информираат од Клиниката.
Пет лица од Штип синоќа се степале покрај Дебарско Езеро при што едниот од нив се здобил со полесни повреди.
Околу 2:00 часот по полноќ во скопски Аеродром во Скопје било опожарен автомобил „БМВ“, сопственост на приватна здравствена установа.
Единаесетгодишно девојче од Велес е тешко повредено во Неготино кога во дворот на една здравствена установа во неа удрило патничко возило „Киа Спотаж“.
Возило „мерцедес Ц 180“ е опожарено синоќа во 01:30 часот во дворот од семејна куќа на улицата „Гоце Делчев“ во велешкото село Отовица. Возилото е сопственост на 64-годишниот С.И. од Велес. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица во Велес.
Викендичка во скопското село Нова Брезница изгоре во пожар што се случи синоќа околу 21:40 часот. Во пожарот паднала кровната конструкција на куќата, но за среќа во моментот во домот немало никој. Причина за пожарот е удар од гром.
На територија на Скопје во изминатото деноноќие се случиле 17 сообраќајки во кои 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди. Во 11 сообраќајни несреќи имало само материјална штета, а шест се со тешки телесни повреди.
Во полициската станица Бит Пазар синоќа полицаец пријавил дека непознато лице на социјална мрежа во негово име и со слика им се заканувал и им барал пари на други лица.
Кривична пријава е поднесена против жител на Богданци поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.