Ревизорка од општина Радовиш заработи кривична пријава за непријавување корупција и измама во постапката за јавни набавки од 2013 година во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчера околу 13:00 часот се случила на улицата „Ристо Попов“ во населбата Превалец во Велес.
Мотоциклист е потешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 10:50 часот на улицата „Скупи“ во Скопје.
Патничко моторно возило „Хонда сивик“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.Г.(19) од Скопје синоќа околу 22:00 часот излетало од патот на обиколница кај село Стајковци и удрило во метален браник и бетонска ограда.
Мотоциклист е потешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево-Охрид, пред село Требеништа.
Едно лице е тешко повредено, а пет полесно во осумте сообраќајни незгоди што вчера се случиле на подрачјето на Град Скопје.
Министерството за внатрешни работи и надлежните институции на Република Македонија во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, денеска приведоа седум македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.
Кривична пријава против битолчаните М.Д. (24) и Ѓ.Д. (19) за сторено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ за време на одбележувањето на Илинден на Мечкин Камен, поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство.
Прилепското јавно обвинителство постапува по пристигната кривична пријава против две лица и други непознати лица за сторено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ за време на одбележувањето на илинден на Мечкин Камен.
Како што информира командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески случајот бил пријавен на „193“ во 3:05 часот изутрината, а пожарот бил изгаснат во 4 часот.