Триесет и седум годишен жител на кумановското село Черкези со иницијали М.А. без лиценца приредувал забавни и игри на среќа во објект во село Оризаре во општина Липково. Со неплатениот надомест по тој основ го оштетил Буџетот на РМ за 6.457.500 денари.
Струмичкото Обвинителство до Основниот суд Струмица поднесе обвинение против пет лица за криумчарење на цигари, а со обвинението до судот е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор за четворица обвинети.
Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство-Радовиш против Ј.А (64), Љ.П (37), А.Л (57) и С.Ј (63), сите од Радовиш поради постоење основани сомневања дека првопријавениот како службено лице сторил кривично дело „Проневера во службата“.
Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје се повреденини денеска откако противпожарното возило се превртело во скопската населба Маџари кај Триангла.
Пожарот околу 11 часот гопријавил А.С., а на местото на настанот било интервенирано од страна на полициски службеници и Противпожарна единица Битола.
Како што соопшти МВР, вчера во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, пожарот бил пријавен од страна на командир на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане.
Полицијата ноќеска, во два часот, во центарот на Крушево ги пронајде двете исчезнати лица од Пробиштип, Н.Т.(19) и нејзината 16-годишна сестра.
Пет лица се повредени откако патничко моторно возило „Jeep“ управувано од K.K.A.A.(1972) од Египет, кој живее во Холандија излетало од патот и се превртело на десната страна од коловозот на автопатот Граничен премин Табановце - Куманово во насока кон Куманово.
Седумдесет и двегодишната скопјанка М.А. вчера се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа откако патничко моторно возило „Ауди“ со италијански национални ознаки управувано од непознато лице, удрило во неа, а по незгодата го напуштило местото на настанот.
Единаесетгодишно девојче било каснато од куче во Кавадарци, соопшти денеска портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.