Пешак од Англија синоќа во Скопје бил удрен од непознато патничко моторно возило кое веднаш по незгодата избегало од местото на настанот.
Тетовската полиција вчера го привела В.О. (20) од Тетово, а извршен е разговор и со А.Б. (20) и И.В. (18) од Тетово во врска со пријавата на С.П. (56) дека истиот ден околу 2.10 часот во угостителски објект три непознати лица физички го нападнале син му Н.П. (23).
Осумнаесетгодишно момче ноќеска почина во прилепската болница по сообраќајната несреќа што се случила на патот од село Ропотово во Лажани.
По ова, на 18.06.2017 година второпријавениот со манипулација на вметнатиот избирач на игри во повеќе наврати предизвикал невистинит резултат при електронската обработка и пренос на податоци и добивка од 530.000 денари, од која му биле исплатени 100.000 денари.
На 21.06.2018 година во 23,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“, во автобус на ЈСП бр.57, две непознати лица физички го нападнале Б.Д.(20) од Скопје.
Полициско возило излетало од патот и се превртело во близина на Велес. Сеуште нема официјални информации за настанот и дали се работи за ссобраќајна несреќа со друго возило.
Жител на охридско село лажно се претставувал дека е управител на фирмата во која бил вработен и на тој начин склучувал договори со кои незаконски заработил над 7,8 милиони денари.
На 21.06.2018 година околу 12.00 часот било пријавено дека во Струга на ул.„ЈНА“, од балкон од петти кат од зграда паднало шестгодишно девојче и починало на место.
Две тешко и осум лесно повредени лица е билансот од вкупно евидентираните девет сообраќајни незгоди што се случиле во Скопје во изминатото деноноќие.
Портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски информира дека денеска во 12 часот и 20 минути, во полициската станица во Струга телефонски биле известени од ЈЗУ Општа болница за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година.