Случајот е пријавен вчера во 14 часот во СВР Велес од страна на 27-годишната С.Ш која со 31-годишниот Е.Ш договорила средба преку социјалните мрежи.
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во градот поднесе кривична пријава против В.С. (51) поранешен градоначалник на општина Василево и В.М.(51) од Струмица.
Македонската полиција во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и српската полиција реализираше случај во кој е идентификувана и сузбиена организирана криминална група составена од шест лица кои биле инволвирани во недозволена трговија со наркотици.
Шеесет и тригодишна жена била тешко повредена вчера на Бит Пазар кога била удрена од мотоцикл, управуван од непознато лице, кое го напуштило местото на несреќата.
На 15.05.2018 година во 08,00 часот во Полициска станица Берово, Б.С.(62) од село Русиново пријавил дека при рушење на стара куќа, во еден од ѕидовите, пронашол неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна.
Пет лица се приведени под сомнение дека се дел од група која транспортирала кокаин и марихуана.
Едно лице се здобило со тешки телесни повредни, а девет се полеснo повредeни во шест од 11 сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје.
Провалници ограбуваат станови во Скопје на секои четири часа, или близу шест домови на скопјани секој ден во просек се на мета на провалници, покажува статистиката на полицијата.
Мотоциклист утрово во Велес се здоби со телесни повреди откако изгубил контрола во движењето и паднал на коловозот.Од СВР Велес информираа дека сообраќајната несреќа се случила околу 9 часот на ул. „Коце Димов - Витамин“ во Велес.
Четириесет и шестгодишен жител на Пробиштип вработен во секторот за туризам и услуги при Министерството за одбрана при МО-Пробиштип вербално и физички нападнал колеги.