Патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки ноќеска било опожарено на паркинг пред зграда на подрачјето на Бутел. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Со тешки тешки телесни повреди се здобила Б.С.(21) од Кочани додека извршувала работни задачи во фирма во Кочани.
Четворица млади биле лишени од слобода синоќа во Кавадарци и им била одземена бела грутчеста материја, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Според МВР, лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во СВР Велес синоќа во 23:20 часот било пријавено дека во Општа болница Велес со тешки телесни повреди била донесена 49-годишната Ј.А. од Велес.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен жител на Петровец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело „телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1“ од Кривичниот законик.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрс во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди велат од МВР, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка пријавениот да биде суспендиран од работното место
Судија на претходна постапка определил притвор од 30 дена за Р.Р., кој бил спроведен во казнено-поправна установа. Исто така, притвор од 30 дена во отсуство бил одреден и за С.Р. и А.Т
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и управителот Ј.П.(59) од село Секирник, Општина Босилово поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.