СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Имено, по претходно добиена судска наредба за претрес од страна на Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршиле претрес во домот на И.Б., при што пронашле еден пиштол „Стаер“ со две соодветни рамки и 61 куршуми калибар 9 мм.
Се самоуби 38-годишниот маж, попладнево во неговиот стан во Велес на улица „Андон Шурков“, кој утрово тешко ја повреди својата 25-годишна невенчана сопруга, која се бори за нејзиниот живот во Клинички во Скопје.
Утрово во 07:47 часот во СВР Велес од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25 – годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг, информира портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(38) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа" казниво по член 378 од Кривичниот законик.
Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициската станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Основното јавно обвинителство во Скопје поведе постапка против 60-годишен скопјанец за кривичните дела – тешка телесна повреда од член 131 став 1 и противправно лишување од член 140 став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна посрапка против жител на гостиварското село Сенокос, кај кого полицијата при претрес пронашла марихуана.