На 23.01.2023 во Полициската станица Гази Баба, правен застапник на фирма од Скопје пријавил дека С.С. од Скопје – вработен во фирмата противправно присвоил 23.500 евра пари од фирмата.
На 23.01.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на ул.„Војвода Васил Чакаларов“, Б.Н.(45) од Скопје, која се превезувала во автобусот, паднала и се здобила со повреди.
Три лица се повредени во сообраќајна незгода меѓу товарно и патничко возило што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, во близина на бензинска пумпа.
До Основното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава против Ф.У. (39) од Тетово поради основано сомнение за извршено кривично дело „Убиство“
Седумдесетгодишен жител на кумановското село Режановце утрово им подлегнал на повредите здобиени откако додека возел велосипед во него удрил возач со автомобил кој, првин побегнал од местото на несреќата, а денеска го признал делото, соопшти кумановската полиција.
Дваесет и петгодишниот струмичанец П.И., кого ОЈО Струмица го сомничи дека е извршител на убиството на 83-годишната М.Б., доби триесетдневен притвор.
На 23.01 2023 од страна на полициски службеници од СВР Струмица во содејство и координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал лишен е од слобода П.И.(25) од Струмица.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донел наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен жител на Богомила осомничен за кривично дело „убиство“.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и вага. Тој бил задржан во Полициската станица Ѓорче Петров и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Средовечен маж од село Руѓинце, општина Старо Нагоричане е пронајден мртов во неговиот дом. Полицијата констатирала дека настанал пожар, а лекарите дека смртта настапила без траги на насилство, соопшти денеска СВР Куманово.