Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На 28.11.2022 во 18.40 часот во Полициската станица Центар, Г.С.(18) од Скопје пријавил дека околу 14.10 часот, додека бил на настава во ДСУ „Спортска академија“ на ул.„Димче Мирчев“, во училницата бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување во училиштето.
На 28.11.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека околу 18.30 часот во дом на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, малолетничка со остар предмет ја нападнала својата 38-годишна мајка и ѝ нанела повреди.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Љ.А.Б.(46), Г.Ф.(60) и Б.Ф.(26), сите од Кичево, како и против еден правен субјект со седиште во Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Возилото било вратено на сопственикот А.А.(35) од Тетово и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
На 27.11.2022 во 21.25 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.С.(59) од Скопје пријавил дека околу 19.45 часот малолетно лице влегло преку незаклучената врата во неговата куќа и одзело пари. Според пријавеното, тој и С.С.(59) се обиделе да го задржат малолетникот, но тој се дал во бегство.
Тој, на 27.07.2022 на бензинска пумпа во кичевската населба „Горица“, пуштил во оптек лажна банкнота од 100 евра, која подоцна била забележана од вработените.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Денеска (28.11.2022) во 02.20 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево лишиле од слобода малолетник од Скопје.