На автопатот Гевгелија-Демир Капија, после тунел „Јаворица“, синоќа во 21.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од слобода А.А.(42) од Скопје, затоа што со возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, превезувал двајца мигранти од Сирија
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 213 возачи
На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 27 мерки за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за возење без возачка дозвола
На 19.11.2022 во 14.30 часот на влез на с.Шишево, скопско, полициски службеници од Полициската станица Сарај го привеле М.И.(44) од с.Шишево
Во текот на изминатата вечер спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 158 возачи
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен жител на тетовско Слатино кој е осомничен за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и Недозволено изработување, држење, посредување или тргување со оружје или распрскувачки материи
На 19.11.2022 во 10.15 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје
Изречени се и 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила
Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово денеска му определил мерка притвор од 30 дена на 47-годишникот кој вчера беше приведен откако полицијата му најде минилабораторија и кокаин во неговиот дом во Слатино.
Браќа физички се пресметале и повредиле во Кавадарци, оваа информација вечерва ја потврди за МИА, Сузана Праниќ Талевска, државен советник во оддел за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи.