Почина вториот планинар, по кој се трагаше од синоќа откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв, објави денеска Центарот за управување со кризи
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 227 возачи
Полициски службеници од СВР Куманово по наредба од Основниот суд Куманово, синоќа во 23:50 часот, го лишиле од слобода Д.А.(32) од кумановското село Умин Дол, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна
Во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 12 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, две за возач почетник
Пронајден е планинарот по кој се трагаше од синоќа откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв. Синоќа околу 20 часот беше пронајден и планинарот кој извести за несреќата и тој околу три часот ноќеска е пренесен во болница заедно со началникот на СВР Тетово кој исто така се здобил со телесни повреди, информираа изутринава од Центарот за управување со кризи
На овој начин пријавениот се стекнал со имотна корист на штета на Буџетот на Република Северна Македонија за 25.000 денари.
На 07.11.2022 во 12.20 часот во СВР Скопје, од Амбасадата на Република Црна Гора во Скопје било пријавено дека била оштетена влезна врата од простории кои не ги користи Амбасадата, а се во сопственост на Црна Гора на ул.„Народен фронт“ во Скопје.
На 07.11.2022 во 19,30 часот во Полициската станица Гази Баба, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 19.00 часот била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Ј.
На 07.11.2022 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, С.М.(47) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во една од клиниките во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била физички нападната од нејзината колешка В.М..
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.