СВР Штип поднесе кривична пријава против Ц.Д.(34) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност на луѓето“.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Имено, претходно тој со мотоцикл не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, продолжил со движење и по кратко време го оставил мотоциклот и ја фрлил торбата во реката Вардар, по што продолжил да бега.
На 19.10.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.С.(46) пријавила дека, по претходна семејна расправија, од дома се оддалечила нејзината ќерка А.М.К.(17).
На 19.10.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Карпош, А.Д.(46) од Скопје пријавила дека околу 11.00 часот во училница од основно училиште на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик.
Во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје, А.Т. од Скопје физички го нападнал М.Ч. (27) од Скопје и му одзел накит и мобилен телефон.
На 18.10.2022 во 03.20 часот во СВР Скопје, М.С. (61) од Скопје пријавила дека на подрачје на Илинден, додека се превезувала во такси возило во насока кон с. Ајватовци, општина Илинден, лицето кое ја превезувало со возилото ѝ одзело два паричници со пари.
На 18.10.2022 во 22.35 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица при СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(27) од Битола.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.Т.(57) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторски права и сродни права“.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка.