Одделот за сузбивање со организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна полициска истрага, на 05.10.2022 година лишија од слобода дилер на кокаин од скопско Арачиново
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против скопјанецот Џ.А. (41), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, соопшти Министерството за внатрешни работи
На регионалниот пат Удово – Демир Капија, во близина на село Градец, синоќа во 18:50 часот полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ го привеле 23-годишниот М.А. од Лозово
Сто возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената
Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ синоќа на регионалниот пат Удово – Демир Капија, во близина на село Градец, го лишиле од слобода М. А. (23) од Лозово
На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во контролите во областа на сообраќајот изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Според пријавеното, тие му ги побарале парите наводно за да ги покажат на сопругата на едното лице и притоа му оставиле торбичка со девизи како гаранција дека ќе се вратат.
Вчера во 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Никола Карев“ во Скопје, И.М.(42) од село Чифлик, скопско, управувајќи автобус на ЈСП нагло закочил и удрил во електронска рампа.
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Л.(59) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уништување или прикривање на необработен архивски материјал”.