На 30.09.2022 околу 14:20 часот во Полициска станица Кисела Вода било пријавено дека по претходно недоразбирање околу паркинг простор на подрачје на Кисела Вода С.Н.(56) од Скопје физички ја нападнал И.Т.(35) од Скопје.
Смртта е констатирана од лекар од итна медицинска помош, без траги на насилство. По наредба на Јавен Обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.
На 30.09.2022 во 18:11 часот во СВР Скопје, Д. Ј. (22) од Скопје, пријавил дека околу 17:45 часот во приватна здравствена установа на подрачје на Чаир по претходна расправија околу ред за влегување, бил физички нападнат од Љ.Ч., кој употребил и остар предмет.
На 30.09.2022 во 11 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Тетово 40 годишна тетовчанка била физички нападната од нејзиниот сопруг М.К.(44) од Тетово.
Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Како што соопштија денеска од МВР, од нив, 152 не користеле заштитна кацига за време на возење, 43 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.
Од нив, информираа од МВР, 28 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 11 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Субвенциите за купена инвертер клима утре ќе бидат исплатени на сметките на добитниците, кои конкурирале на јавниот повик, информираат од Општина Велес.
Камерите поставени на депонијата во Босилово „уловија“ несовесен граѓанин како ја потпалува. Огнот бил изгаснат, а случајот бил пријавен.
Вчера во 15:20 часот полицијата го уапсила Ѓ.А. (61) од Гевгелија затоа тоа што извршил обљуба врз малолетник од истиот град