Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
На 25.09.2022 во временскиот период од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од сите Сектори за внатрешни работи, во соработка со инспектори од државните инспекторати и од Управата за јавни приходи на територијата на целата држава, спроведоа акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти
На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола и 27 санкции за возење под дејство на алкохол, соопштија од Министерството за внатрешни работи
Полициски службеници на СВР Тетово во текот на изминатата вечер (24/25.09.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на поширокото полошко подрачје спроведоа акциска контрола на возачи - дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол
Тетовските пожарникари ноќеска четири часа гасеа пожар во куќа на улицата „Тодор Ципоски-Мерџан“ во близина на Саат џамија. Нема повредени луѓе при пожарот.
Две лица тешко биле повредени и едно полесно во сообраќајка што синоќа се случила во Кавадарци, потврди МВР.
На 23.09.2022 во 18.30 часот во гостиварско Неготино, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 32-годишниот М.Б. од ова село за издржување затворска казна
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи
Денеска околу 02.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба лишени се од слобода М.М.(24), Б.С.(22), К.К.М.(29), сите од скопско и 17-годишна малолетничка од Скопје
На 23.09.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, извршија претреси во гевгелиско, при што се лишени од слобода две лица