Во друга сообраќајка во Кавадарци синоќа околу 23 часот, биле повредени четири лица. Оваа информација утрово ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци.
Како што соопшти денеска МВР, во рамки на контролите, согласно статистичките податоци по основ на пречекорување на брзината на движење евидентирани се 818 прекршоци, а по основ на непрописното паркирање 177.
Вработена во прилепскиот Центар за социјални работи е ранета од огнено оружје денеска нешто пред 14 часот, во просториите на Центарот.
Кривична пријава е поднесена против 63 - годишниот раководител на Одделението за урбанизам во Општина Маврово-Ростуше кој побарал поткуп од 13.000 евра.
За инцидентот во Волково издадена е наредба за обдукција и од местото на настанот подигнато е оружјето кое ќе биде предмет на вештачење.
Две лица починале, а еден малолетник е повреден во инцидент што утринава се случи во скопското село Волково. Повредениот малолетник е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.
Четири лица биле повредени синоќа околу 23 часот во сообраќајка во Кавадарци, при судир на две возила на крстосницата кај Брушински мост.
Дваесетгодишник е осомничен дека завчера на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители.