Тој е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 13.08.2022 околу 12.30 часот полициски службеници од СВР Тетово му изготвиле соодветен поднесок на А.Ф.(38) од с.Нераште, тетовско, затоа што претходно лажно пријавил поплака против негов сосед и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејства.
На 13.08.2022 во 01,45 часот во Полициска станица Куманово Ш.А.(18) од с.Виштица пријавила дека на 12.08.2022 околу 21.30 часот во близина на казино во Куманово, била физички нападната од В.М. од с.Лопате, со кого претходно била во љубовна врска.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кочани.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во контролата биле санкционирани и 67 возачи ( сите на територија на Тетово), кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, од кои 5 за повеќе од 50 километри на час.Покрај тоа, со соодветни поднесоци заокружени се и 12 други видови прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта
Денеска (14.08.2022),во периодот 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд на подрачјето на опстина Чаир извршиле контроли во објекти на ул.„Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.