На 20/21.07.2022 на булевар ,,Маршал Тито“ биле исклучени 15 возила со македонски и странски регистарски ознаки согласно член 344 став 2 и 3, кои вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје и обратно
Гостиварската полиција денеска околу 13 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје, поради сомнение дека денеска од паркинг на Градежен институт-Скопје одзел патничко возило „тојота хајлукс“, сопственост на Институтот, кое било оставено со клучеви на бравата
МВР денеска во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државата, при што се санкционирани 145 возачи
Кражба на турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино“ била пријавена во полиција. Оваа информација денеска ја потврдија за МИА од СВР Велес
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека денеска поднело обвинение против три лица за убиство на ракометарот Денис Тот
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција
Две лица се приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Петар Ристески, кое во пожар целосно изгоре вчера во раните утрински часови. Едното лице е од прилепското село Ново Лагово на возраст од 41 година, а другото лице е од Прилеп на возраст од 31 година
Во Прилеп, во еден часот по полноќ во пожар изгоре патничко моторно возило. На улицата „Киро Нацевски Фетак“ изгоре возило марка „пежо“ сопственост на прилепчанецот со иницијали Р.Н. на возраст од 65 години
На 20.07.2022 во 10.45 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Х.С.(60) од Гостивар
На 20.07.2022 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.Р.(32) од Кавадарци