На 02.07.2022 во 06.40 часот на ул.„11ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(37) од Скопје
Во периодот јануари – 20 јуни 2022 година на територијата на Република Македонија регистрирани се вкупно 10.834 кривични дела, објави министерот за внатрешни Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 247 возачи
На место викано „Клисура“ на автопатот А1, во близина на Демир Капија, синоќа во 19.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода од С.Р.(22) од село Брест, општина Чучер Сандево и Е.Ј.(25) од селол Арачиново
Вкупно 90 мерки се изречени вчера на територија на Град Скопје во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл
На местото на сообраќајката Итната медицинска помош стигнала во 13.30 часот и по укажаната прва помош повредените се пренесени во велешката болница.
Екипи на ОВР Берово се на местото на несреќата, каде повеќе од еден час го пребаруваат теренот околу Беровско Езеро.
Во полициска контрола во содејство со вработени во Државен пазарен инспекторат, во Берово утврдено е присуство на три малолетни лица по 24:00 часот, додека двајца сопственици на угостителски објекти не го почитувале работното време.
Тринаесет лица се повредени во директен судир на две патнички возила со струмички регистарски ознаки, што се случил попладнето во 16:20 часот на патот Струмица-Валандово, на превојот Валандовски Рид.
Минатата 2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првата половина на 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на значително намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи