За двајца жители на тетовско Гајре кои вчера нападнале полицајци определени се мерки притвор и психијатриско лекување, информираат од СВР Тетово откако денеска до Основното јавно обвинителство Тетово поднеле кривична пријава против А.М.(40) и Л.М.(39).
Денеска во 11.30 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Скопје
Наставничка од Куманово била нападната од повозрасен сограѓанин, соопшти денеска кумановската полиција. Наставничката го пријавила случајот во СВР Куманово вчера во 15:15 часот
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 345 возачи
Службеници од СВР Куманово вчера во 14.00 часот го лишија од слобода А.С. (25) од кумановското село Горно Којнаре
На 14.06.2022 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.М.(33) од Штип поради постоење основи на сомнение дека на 27.12.2021 сторил кривично дело „тешка кражба“ од патничко моторно возило
Тетовски полицајци вчера во Шипковица пукале во воздух откако биле нападнати од две лица од село Гајре, кои требало да бидат приведени за инциденти пријавени пред неколку дена
На 14.06 2022 околу 16.00 часот во ОВР Кичево била приведена С.К.(19) од Битола, која претходно влегла во домот на Е.Е. од Кичево и одзела пари, мобилен телефон, накит и други предмети
Малолетник кој управувал со мопед и малолетна сопатничка се здобија со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа што се случи во Битола
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик“