Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 172 возачи
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот на возраст од 16 години за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие кое со закон е определено како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот
Вкупно 223 санкции изрече вчера полицијата при засилените сообраќајни контроли во Скопје. Од нив, 24 се за возење со брзина поголема од дозволената, 25 се за возење без возачка дозвола, а 67 се прекршоци што ги направиле мотоциклисти
Две лица се повредени во сообраќајка која се случи вечерва во 19:10 часот на кружниот тек на излезот од Струмица кон Радовиш.
Од страна на полициските службеници од ОГРМ во соодејство со Државен инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски преземени се соодветни мерки и активности, возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни пријави.
Во културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола утрово избил пожар.
Утрово околу 05 часот Ѓ. Ѓ. (49) од Битола пријавил во битолската полиција дека слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот на Здружение на граѓани културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, лоциран на ул. „Рузвелтова“. Потоа, лицето веднаш случајот го пријало и во Територијалната против пожарна единица-Битола
Во текот на вчерашниот ден (03.06.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 162 возачи
Четириесет и две годишен жител на Желино доби притвор откако беше приведен како учесник во сообраќајка за која е осомничен дека удрил во соселанец и заминал, додека пешакот починал од здобиените повреди
Во склоп на акцијата, во содејство со сообраќајната полиција, откриени се 30 лица, меѓу нив и малолетници, кои управувале возило без возачка дозвола, а одземено е и едно возило поради основи на сомнение дека потекнува од извршена кражба.Извршени се и над 70 прегледи на возила