Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 160 возачи
На 23.05.2022 во 15.00 часот во Куманово од полициски службеници од Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово се лишени од слобода М.А.(42) и Д.Ц.(38), двајцата од Куманово
На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 16 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 мерки за возење без возачка дозвола
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.С.(38) од Скопје и против правно лице од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад"
Дивата депонија, лоцирана над струшкото село Лабуништа денеска гори. Мештаните се жалат на густиот чад и непријатната миризба, која од синоќа се ширела од местото, каде години наназад се депонира отпадот од домаќинствата.
Костадинов ја објави одлуката на својот Фејсбук-профил каде напиша дека е згрозен од наставникот во струмичко училиште кој недолично се однесувал со малолетна ученичка во истото училиште, а за кое СВР Струмица поднесе кривична пријава поради сомнение за полов напад врз дете
Три лица се повредени во сообраќајна незгода што попладнево се случи на магистралниот пат Охрид – Ресен, во близина на планинскиот превој Буково.
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години.
Денеска, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(25) од с.Сарај, скопско
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник И.Г., вработен во Полициската станица за ГП и ГН Деве Баир поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“