На 24.03.2022 во Битола, полициски службеници од СВР Битола, на две локации, ги лишиле од слобода В.К.(43) од Прилеп и Д.Р.(24) од Битола
Во текот на вчерашниот ден (24.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 216 возачи
Последнава недела зачестија пожарите не отворен простор и во општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица
Денеска (25.03.2022), полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода T.М.(37) од село Василево, струмичко
На 24.03.2022 во 22.40 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Ш.Ш.(46) од с.Чегране
На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 12 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас
Тетовската полиција денеска приведе жител на градот кој еден час претходно нападнал телевизиски снимател. Инцидентот се случил претпладнево околу 11 часот на улицата „Илинденска“, каде снимател работел и снимал со камера.
Против двајца скопјани поднесена е кривични пријави за узурпација на државно земјиште каде почнале бесправно да градат.
По спроведената истражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против седум лица и Обвинителен предлог против едно лице, додека за едно лице истрагата е запрена
На 23.03.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје се лишени од слобода А.П.(35) и Р.П.(32), двајцата од Скопје