Во периодот од 21.02.2022 до 27.02.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата
Во првите два месеци од оваа година, јануари и февруари, заклучно со денеска на подрачјето на СВР Тетово вкупно откриени и со соодветни поднесоци санкционирани се 332 поединци-возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит и без возачка дозвола
Во текот на вчерашниот ден (27.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 230 возачи
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
На 27.02.2022 во 20.25 часот во с.Непроштено, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце ги лишиле од слобода А.С.(58), А.Б.(26), Ч.М.(21) и двајца малолетници, сите од с.Селце, тетовско
Во текот на вчерашниот ден (27.02.2022), во периодот од 16.00 до 20.00 часот, спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на град Скопје, и тоа во општина Кисела Вода
При вршење мотопатролна дејност на автопатот А1, од клучка Миладиновци кон Куманово, полицијата вчеравечер открила десет илегални мигранти од Пакистан во возило со скопски регистарски ознаки, но возачот се дал во бегство
Полицијата вчера приведе 53-годишен маж од Виница кој допирал и бакнувал малолетничка
Денес, по кратко боледување, почина Мирослав Наумовски-Лав. Тој беше врвен спортист, спортски новинар, еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет, член на Собранието и на Управниот одбор на МОК, спортски новинар во Нова Македонија, основач и главен одговорен уредник на првиот спортски весник во нашата држава, СКОК, соопшти Македонскиот олимписки комитет
Во текот на вчерашната вечер (26./27.02.2022) во периодот од 21.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 144 возачи