Според речникот Меријам-Вебстер, терминот „осумдесет и шест“ (86) неформално може да значи „да се ослободи од“ или „да се елиминира“.
Во исто време, Путин и неговите разузнавачки агенции мора да управуваат со тврдокорните националисти во Русија за да не ги попречат неговите цели, велат интервјуираните.
Британската полиција уапси 21-годишен Украинец поради подметнување на пожари во Лондон, вклучително и во домот на премиерот Кир Стармер.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на претстојниот самитот на НАТО во јуни, во Хаг, сите членки ќе се согласат за зголемување на средствата за одбрана во следната деценија на пет проценти од БДП.
Преговорите меѓу украинската и руската делегација ќе започнат в петок, 16 мај, во Истанбул, потврдија извори за „Украинска правда“ и украинската јавна телевизија „Суспилна“.
Но, како што пишува медиумот, мировниот процес всушност се одвива точно како што сака Русија - полека, според распоредот што го диктира Кремљ.
Претседателот на Обединетите Арапски Емирати денеска изјави дека неговата земја планира да инвестира 1,4 билиони долари во САД во текот на 10 години. Тој го пофали „силното партнерство“ под водство на американскиот претседател Доналд Трамп.
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши началникот на копнените сили на војската, генерал Олег Саљуков, според декрет објавен од Кремљ. Тоа е најновото разрешување на високопрофилна личност од рускиот воен естаблишмент во услови на офанзива врз Украина.
НАТО започна разговори за зголемување на одбранбените трошоци до пет отсто од БДП на сите свои членки до 2032 година, што би било најголемо зголемување од времето на Студената војна, објави денеска „Блумберг“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека САД се многу блиску до договор со Иран и дека Техеран речиси целосно ги прифатил предложените услови.