Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека владата „се подготвила за сите евентуални можности“ и оти работи со компании кои најверојатно ќе бидат погодени од царините на американскиот претседател Доналд Трамп.
-Тоа е моментално најголемото наоѓалиште на метали од ретки земји во Казахстан, кое содржи особено цериум, лантан, неодимиум и итриум, изјави портпаролот на казахстанското Министерство за индустрија.
Бројот на загинати од силниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 2.886, според владејачката воена хунта, при што повеќе од 4.600 луѓе се повредени, а околу 370 се уште се водат како исчезнати по пет дена.
На Соединетите Американски Држави (САД) „веќе не може да им се верува“ дека ќе се придржуваат до воените или економските договори, се вели во новиот канадски извештај објавен во вторникот.
Руската војска се чини дека уништила една од своите брани во пограничниот регион Белгород користејќи воздушна бомба, пренесе ДПА повикувајќи се на воени набљудувачи.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека судството е независно и дека сите граѓани имаат право на жалба, пренесува БФМ ТВ.
Европската Унија во соодветен момент ќе одговори на новите царини што се очекува вечерва да ги објави американскиот претседател Доналд Трамп, најави портпаролот на Европската комисија за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини Олоф Гил.
Повеќе од 8.000 поранешни затвореници - мажи и жени се вклучија на редовите на вооружените сили на Украина, а во моментов се разгледуваат уште околу 900 апликации, изјави за Укринформ, Јевхен Хоробец, шеф на Управата за извршување санкции при Министерството за правда.
Европската служба за борба против измами со средства од ЕУ (ОЛАФ) денеска ги презентираше деталите од истрагата што ја спроведе против лидерката на француската екстремна десница, Марин Ле Пен, во својство на eвропратеник.
Германските производители на автомобили, „Фолксваген“ и „БМВ“, објавија значителен раст на продажбата во САД, само неколку часа пред американскиот претседател Доналд Трамп да воведе нови царини за стоки од Европската Унија, јави ДПА.