Холандската Влада планира да воведе нови безбедносни проверки на научници и студенти кои работат со чувствителна технологија за да ги спречи странските сили да дојдат до научни сознанија од витално значење за безбедноста на земјата, пренесуваат денеска холандските медиуми.
Британската кралска двојка беше пречекана со воени почести во претседателската палата, откако беше придружувана од 32 членови на претседателскиот коњанички полк.
Москва и Вашингтон вложуваат значителни напори за нормализирање на односите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претставниците на европската автомобилска индустрија изразуваат голема загриженост за пошироките импликации на американските царини, особено поради ризикот од пренасочување на пласманот на возила од трети земји кон пазарите во ЕУ, јави дописникот на МИА од Брисел.
Кина вети дека ќе преземе решителни контрамерки како одговор на царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ксинхуа.
Американскиот претседател Доналд Трамп и секретарот за одбрана Пит Хегсет објавија предлог-буџет за одбраната во износ од билион долари, што е рекордна сума за војската.
- Ако Европа сака да продолжи да биде лидер, тогаш мора да дејствуваме сега. И тоа го прави оваа Европска комисија. Во последните три месеци испорачавме десет пакети за да ја направиме Европа поконкурентна, рече Фон дер Лајен.
САД ќе распоредат разузнавачки беспилотни летала со голем дострел во јужна Јапонија, на островите Окинава, во близина на Тајван, објави денеска јапонскиот министер за одбрана, Ген Накатани.
Како што соопшти Европската комисија, во разговорот Фон дер Лајен ја истакнала виталната важност на стабилноста и предвидливоста за глобалната економија.
Во Врховниот суд на Израел денеска почна расправата за спорното разрешување на Ронен Бар, шеф на израелската агенција за внатрешна безбедност, Шин Бет.