Барателите на азил кои пристигнуваат во Велика Британија ќе се сместуваат во напуштени воени бази, фериботи и баржи, согласно планот на Владата во Лондон за намалување на трошоците за хотели
Унгарија ќе го одложи приемот на Шведска во НАТО поради критиките од Стокхолм на сметка на политиката на премиерот Виктор Орбан, соопшти денеска унгарската Влада
Португалската влада планира за шест месеци да ја прекине наплатата на Данокот на додадена вредност (ДДВ) на 44 основни прехранбени производи во земјата со цел да ја спречи високата инфлација, најави премиерот Антонио Коста
Првиот човек на Агенцијата на ОН за атомска енергија, Рафаел Гроси, денеска тргна во посета на нуклеарната централа Запорожје, во југоисточна Украина, која со месеци наназад е окупирана од руските сили, јави Скај Њуз
Русија не успеа во своите напори за „информатичко уништување“ на Украина, кои ги вложува истовремено со обидот за инвазија, а проруските напади се прелеаа и во европските земји, истакнуваат информатички експерти од групата Талес во денеска објавен извештај
Јужна Кореја и САД спроведоа големи амфибиски јуришни вежби со мобилизација на десантни бродови, стелт ловци и хеликоптери, соопшти јужнокорејската војска
Светската здравствена организација (СЗО) ги промени препораките за вакцини против Ковид-19, сугерирајќи дека високоризичните популации треба да добијат дополнителна доза 12 месеци по последниот бустер
Украинскиот претседател Володомир Зеленски го повтори барањето на Киев за помодерно оружје, посочувајќи дека некои елементи испорачани од западните земји, не функционирале
Американскиот претседател Џо Бајден го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се откаже од предлогот за судски реформи што доведоа до масовни протести во Израел
Израел денеска лансираше нова верзија на својот шпионски сателит Офек и порача дека таа ќе го подобри надгледувањето со висок квалитет за воената разузнавачка служба