Со највисоки почести и силни безбедносни мерки Берлин утре ќе го пречека кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила, што ќе биде нивна прва посета во странство откако кралот го презема престолот
Руските стратешки ракетни сили почнаа планирани вежби во кои се вклучени мобилните нуклеарни интерконтинентални балистички ракетни системи „Јарс“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана
Каталонската европратеничка Клара Понсати (66), која беше уапсена вчера во Барселона под обвинение за учество во организирање на нелегалниот референдум за независност на Каталонија во 2017 година, е пуштена на условна слобода
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека е загрижен поради можноста Русија да испрати тактичко нуклеарно оружје во Белорусија
Федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи пред големата порота за разговорите што ги имал со поранешниот претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала синоќа кусо пред полноќ го погоди регионот на јужна Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ)
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе го добие „Големиот крст на Редот за заслуги“, што е највисокото одликување во Германија, потврдија од кабинетот на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер по објавата на магазинот „Штерн“
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги повика Русите да не посвојуваат деца за кои рече дека биле „украдени“ во Украина за време на војната и депортирани во Русија
Партиите на владејачката коалиција во Германија, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП) постигнаа договор за контроверзните владини политички прашања поврзани со заштитата на климата
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати покана до кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Украина