Кинескиот претседател Си Џинпинг планира да отпатува за Русија и да се сретне со својот колега Владимир Путин следната недела, тврдат анонимни извори запознаени со ова прашање, а тоа ќе биде порано од очекуваното, јави денеска Ројтерс
Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) соопшти дека е загрижена поради последиците од војната во Украина за украинските сирачиња и нивните врсници сместени во згрижувачки семејства. Организацијата ја повика Украина итно да го реформира својот систем за згрижување
Новиот премиер на Кина, Ли Кианг, по преземањето на функцијата првпат одржа прес-конференција, на која, меѓу другото, се осврна и на односите на Кина со САД
Папата Франциск денеска одбележува 10 години на чело на Римокатоличката црква со миса со кардинали во капелата Санта Марта во Ватикан
Саудиската државна нафтена компанија „Арамко“ забележа рекорден профит од 161,1 милијарди долари во 2022 година, за што придонесоа големите скокови на цените на енергијата, како и зголеменото производство
Американските власти синоќа објавија серија мерки за да ги уверат поединците и компаниите во стабилноста на американскиот банкарски систем и рекоа дека ќе гарантираат повлекување на вкупните депозити на банката на Силиконската долина (SVB) по нејзиниот колапс
Дождливото време продолжува во американската сојузна држава Калифорнија, откако „атмосферската река“ која предизвика големи поплави се пресели на исток
Индиската армија ќе нареди купување на суперсонична крстосувачка ракета БрахМос од руско-индиската партнерска компанија „БрахМос Аероспејс“
Милиони луѓе очигледно не можат да се справат со високите животни трошоци и затоа влегуваат во минус на своите сметки, покажува анкета на Здружението на централите за заштита на потрошувачите
Земјотрес со јачина од 4,7 степени е регистриран денеска во југоисточниот турски округ Малатија, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби