Русија заплени дел од оружјето и воената опрема на САД и НАТО кои останаа на бојното поле во Украина и ги испраќа во Иран, пишува Си-Ен-Ен повикувајќи се на четири извори. Изворите велат дека САД веруваат дека Техеран ќе се обиде да направи сопствена верзија на оружјето.
Германската полиција во Карлсруе опколи област поради тековната заложничка ситуација во аптека, јави ДПА.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, денеска ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Молдавија, меѓудругото и со демонстрации, со цел во земјата да инсталира влада што ќе ја поддржува.
Претставничкиот дом на САД денеска едногласно го поддржа симнувањето на ознаката за тајност од американските разузнавачки информации за потеклото на Ковид-19.
Мексикански нарко картел ги предаде членовите на бандата за која тврди дека се одговорни за киднапирањето на четворица Американци и се извини за нивната „недисциплина“.
Израелски доселеник денеска уби Палестинец кој влегол во населба на окупираниот Западен Брег вооружен со ножеви и експлозивни направи, соопшти израелската армија.
Германската полиција денеска соопшти дека во пукотницата синоќа во верскиот центар на Јеховините сведоци во Хамбург загинале осум лица, а некои се тешко повредени.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска оцени дека резултатите од претседателските избори во САД, кои ќе се одржат следната година, би можеле да влијаат на ситуацијата во Украина.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпиша указ за повикување резервни офицери во воена служба, соопшти денеска неговата прес-служба.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Грузија е под притисок по алармантните случувања неделава - нешто што, според него, Европската унија не може да го игнорира.