„(Рускиот претседател Владимир) Путин се обидува да ги искористи западните стравови од нуклеарна ескалација со распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија“, посочува Институтот.
Русија и Кина не воспоставуваат воен сојуз и не кријат ништо поврзано со својата воена соработка, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во интервју за државната телевизија.
Новата фабрика на Форд во Западен Тенеси ќе може да произведува до 500.000 електрични пикапи годишно со полн капацитет, објави компанијата.
НАТО ја критикуваше Русија поради нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.
Втората студена војна може да испадне поопасна од првата, предупредува поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју за Мундо објавено синоќа.
Во Берлин се одржува референдумското изјаснување за забрзано постигнување климатска неутралност, јави ДПА.
Подољак, исто така, го изрази барањето на Украина Европа да и обезбеди повеќе оружје што ќе се користи за изведување контраофанзива.
„Кина и Хондурас воспоставија дипломатски односи“, објави на Твитер портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг.
Најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека нуклеарното оружје ќе биде стационирано во соседна Белорусија беше критикувано од германската влада, пишува Велт.
Американското Министерство за одбрана соопшти дека нема индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, откако Москва најави распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.