Министерството за здравство на Хамас денеска објави дека најмалку 28 лица загинале во Појасот Газа во изминатите 24 часа.
Изборниот штаб на Доналд Трамп ја разгледува можноста неговата ривалка за републикански кандидат на претседателските избори во САД, Ники Хејли, да биде номинирана за потпретседател, објави денеска новински сајт „Аксиос“.
НОАА издаде предупредување за геомагнетна бура кога ефектите од соларната експлозија стигнаа до Земјата во петокот попладне, неколку часа порано од очекуваното.
Премиерот на Полска Доналд Туск денеска на границата со Белорусија изјави дека започнало зајакнувањето и утврдувањето на полската граница, за што неговата земја нема да штеди пари, но оти за безбедноста на источната граница на ЕУ, средва ќе мора да издвои и самата Унија.
Говорејќи на кампањата за собирање средства во петокот, Бајден го оцени како „хаос“ претседателството на Трамп и ги повика гласачите да не го заборават тоа во пресрет на претседателските избори во ноември.
Администрацијата на американскиот претсдеател Џо Бајден синоќа објави дека Израел можеби го прекршил меѓународното хуманитарно право во Газа со користење на оружје што го набавил во САД, но дека условите на војната ги спречиле американските власти со сигурност да го утврдат тоа.
Најмалку три лица загинаа, а седуммина се повредени во украинскиот напад на складиште за нафта во градот Ровенка во областа Луганск, изјави министерката за здравство на тој регион Наталија Пашченко.
Во неа тие забележуваат дека се загрозени темелите на „демократскиот поредок“.
Вакцината АстраЗенека против вирусот Ковид-19 повеќе нема одобрение за употреба од Европската агенција за лекови (EMA), компанијата го запре производството на вакцината, а тие исто така најавија дека започнуваат процес на нејзино повлекување од пазарот низ светот.
САД синоќа објавија нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари. Во новиот пакет се вклучени и ракети со дострел до 300 километри, што е двапати повеќе во споредба со истиот тип оружје снабдено во октомври.