Војната во Украина може да трае долго, но Западот треба да продолжи да ја поддржува земјата на сите можни начини, изјави холандскиот премиер Марк Руте за време на посетата на Киев
Руската артилерија ја надминува украинската во однос осум спрема еден, што ја става Украина во подредена положба, изјави денеска портпаролот на Украинската меѓународна легија
Министрите за финансии на ЕУ денеска одобрија една милијарда евра финансиска помош за Украина, прва рата од ветениот буџет од девет милијарди евра за Киев, договорен од европските лидери во мај
На пазарот на пари денес едно евро вреди еден долар, што е најслаба вредност на европската валута во изминатите 20 години, а тоа е одраз на внимателноста на светскиот пазар на капитал, кога станува збор за состојбата во еврозоната, затоа што Европа е многу потешко погодена со тешкотиите при снабдување енергија од САД
Најмалку седум лица загинаа, додека обилните дождови продолжуваат да ја погодуваат западната индиска држава Гуџарат
За првпат досега фармацевтска комапнија побара дозвола од американскиот регулатор за лекови, да продава таблети за контрацепција во САД без лекарски рецепт
Британската метеоролошка служба предупреди на екстремно високи температури на воздухот следните денови, истакнувајќи дека за 17 јули постои 30 отсто шанси да биде најтоплиот ден во Обединетото Кралство
Најголемата британска опозициска Лабуристичка партија најави дека денеска ќе поднесе барање за гласање на недоверба на Владата на премиерот Борис Џонсон, што се очекува да се одржи утре, изјави партиски извор
Суфицитот во салдото од тековните плаќања на Русија за вториот квартал на ов аа година достигнал рекордни 70,1 милијарда долари
Русија денеска соопшти дека го открила првиот случај на мајмунски сипаници во земјата кај маж кој се вратил од патување во неколку европски земји