По препорака на Европскиот центар за спречување и контрола на болести и Европската агенција за лекови, Европската Комисија денеска повика ранливите лица и лицата над 60-годишна возраст да примат втор бустер вакцина
Преку прераспределување на фондови, Европската Унија ќе обезбеди 2,9 милиони евра за украинските деца кои се наоѓаат во училиштата ширум ЕУ поради војната
Дидие Лалемент, назначен во март 2019 година за префект на париската полиција, високиот функционер со оспорувцани методи за управување со кризи треба да ја напушти функцијата на 20 јули. Неговиот наследник се уште не е познат
Бројот Украинци кои влегуваат во земјите на ЕУ се врати на предвоеното ниво, т.е. уште пред почетокот на руската инвазија, а повеќе луѓе ќе се вратат со почетокот на новата учебна година, изјави европскиот комесар за внатрешни работи
Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот резултираше со трансфер на вработените од угостителската индустрија во Германија кон други стопански дејности, првенствено во малопродажбата и логистиката, покажува истражувањето спроведено од Институтот за германска економија
Ванг Ји предупреди дека државите од регионот треба да избегнуваат да бидат користени од големите сили како „шаховски фигури“
Jапонскиот премиер Фумио Кишида денеска повика на партиско единство за политичка стабилност, истакнувајќи дека сите треба да работат на постигнување на незавршените цели на убиениот поранешен премиер Шинѕо Абе, кои вклучуваат зајакнување на војската и ревизија на уставот во однос на избегнување воени конфликти
На Форумот „Изберете ја Франција“ што се одржува во замокот Версај ќе бидат презентирани странски инвестиции, што на земјата ќе и донесат 6,7 милијарди евра и 4.00 постојани вработувања
Европската комисија испрати писмо до поранешната потпретседателка на институцијата Нели Крус (Холандија) во кое бара објаснување во врска со напис од меѓународна новинарска истрага што доведува до сомневања за лобирање
Долниот дом на рускиот Парламент ќе одржи вонредна седница на 15 јули, одлучи советот на Парламентот, само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека се уште не почнал сериозно да се занимава со војната во Украина