Шефот на кинекската дипломатија Ванг Ји денеска го повика американскиот претседател Џо Бајден да ги укине трговските санкции кон Кина, да овозможи директни контакти и да престане да се меша во внатрешните работи на Кина во Тајван, во Хонг Конг, во Сиџијанг и во Тибет
Мјанмарските демонстранти и денеска се собраа на улиците на Јангон, и покрај заканите од страна на воената хунта дека ќе употреби сила врз нив доколку одговорат на повикот за генерален штрајк
Руското беспилотно летало „Орион“ извршило 38 летови во Сирија, од кои 17 пати гаѓало објекти на терористи, објави телевизијата „Русија 1“
Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули конечно призна дека во неговата земја постои проблем со Ковид-19, иако се месеци тврдеше дека вирусот може да се победи со молитва
Германските граничари минатата недела од граничните премини со Чешка и со австриската покраина Тирол вратиле околу 16.000 луѓе кои сакале да влезат во Германија
Американскиот претседател Џо Бајден, заедно со потпретседателката Камала Харис, вечерва ќе одржат церемонија на која со едноминутно молчење ќе им оддадат почит на околу 500.000 жртви на коронавирусот во САД, соопшти Белата куќа
Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) нареди итни инспекција на авионите Боинг 777 откако во саботата делови од моторот на еден од тие авиони паднаа во близина на станбени згради во Колорадо, напиша на Твитер, директорот на ФАА, Стив Диксон
Астероид со големина на фудбалско игралиште ќе ѝ се приближи на Земјата денеска, соопшти истражувачкиот центар на НАСА – ЈПЛ
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека во земјата се појавил „прозорец на можности за забрзување на мировниот процес“ по најавата на НАТО дека не е донесена конечна одлука за повлекување на своите трупи
Сопственоста врз вакцините, исто така, има и геополитичко значење. САД, Кина и Русија се борат за влијание во светот. Само Европа нема што да понуди, се наведува во анализата на германскиот весник „Ханделсблат“