Едно лице е уапсено откако е испратен сомнителен пакет во фабриката за вакцини „АстраЗенека“ во велшкиот град Рексам
Во изминатите 24 часа се регистрирани повеќе од 500.000 потврдени случаи на Ковид-19, со што вкупниот број заразени, според Светската здравствена организација (СЗО), изнесува 101,56 милиони
Пентагон и владината Агенција за управување со вонредни состојби се во завршни преговори околу тоа американската армија дневно да обезбедува 450.000 вакцини против Ковид-19 на национално ниво.
Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб денеска изјави дека ЕУ го уверила дека не сака да ги наруши испораките на вакцини против Ковид-19 во Велика Британија.
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер апелираше до Германците да се откажат од патувања поради пандемијата на коронавирус, истакнувајќи дека „откажувањето од патување во странство сега е граѓанска должност“.
Најмалку пет милиони вакцини против коронавирус ќе пристигнат во Германија во следните три недели, соопшти денеска Министерството за здравство.
Украина ќе добие 117.000 вакцина од „Фајзер/Бионтек“ во февруари во рамките на програмата Ковакс, потврди Виктор Лажко, заменик министер за здравство.
Музеите на Ватикан, вклучително и Сикстинската капела, ќе бидат повторно отворени за посетители во понеделник, откако беа затворени 88 дена, најдолго од Втората светска војна, поради пандемијата на коронавирусот.
Голем пожар во северниот дел на американската држава Њу Џерси во текот на ноќта зафати погон за рециклирање
Во Аргентина од денеска стапува на сила одлука за воведување еднократен данок за најбогатите луѓе за да и се помогне на државата да плаќа медицински материјали и да обезбеди стимулации за компаниите кои се во криза поради пандемијата со Ковид-19