Нов Зеланд воведува дополнителни правила за карантин откако два случаи на мутација на јужноафрикански коронавирус беа потврдени во Окланд и ја чека одлуката на Австралија дали повторно ќе дозволи патување без карантин за жителите на оваа земја
Новата варијанта на коронавирусот, првпат детектирана во Велика Британија е пронајдена во 10 проценти од случаите во Франција, изјави портпаролот на француската Влада Габриел Атал, најавувајќи можност за нови рестриктивни мерки во земјата
Кинескиот магнат во бизнисот со минерална вода, Жонг Шаншан го симна основачот на „Алибаба“ – Џек Ма од врвот на најбогати луѓе во земјата. Според листата на списанието „Хурун“, неговото богатство се проценува на повеќе од 100 милијарди долари
Сликата „Млад човек со диск“ на Сандро Ботичели, се очекува да достигне 80 милиони долари на наддавање на аукциската куќа „Сотби“, закажано за денеска во Њујорк
Британско-шведската компанија „АстраЗенека“ во Јапонија ќе произведе повеќе од 90 милиони дози на вакцината, изјави денеска портпаролот на јапонската Влада, во време кога владее загриженост дали земјата ќе има доволно дози за да почне одложена кампања за вакцинација
Британската кралица Елизабета Втора бара лице кое ќе го води нејзиниот профил на Инстаграм за плата од 27.000 фунти годишно со поволности, се наведува во огласот објавен на веб-страницата на Кралството
Меѓународната истрага за потеклото на коронавирусот во Кина мора да биде „јасна и темелна“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки
Состанокот на лидерите на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Русија, САД, Франција, Велика Британија и Кина) може да помогне во регулирањето на односите меѓу водечките сили, кои од неодамна се прекинати, вели генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во ексклузивното интервју за Тасс
Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, на која пратениците треба да ја разгледаат Информација за состојбата на тутунот од реколта 2020-2021 заклучно до 21.12.2020 година
Водечкиот јапонски производител на автомобили, „Тојота моторс“ продаде над 9,53 милиони автомобили ширум светот во календарската 2020 година