Новиот американски државен секретар, Антони Бликен, вчера изјави дека ја поддржува соработката на САД со Кина за климатските промени и другите прашања од заеднички интерес, но, исто така, повтори дека врз муслиманите Ујгури во кинескиот регион Ксинџијанг е извршен геноцид
Ликот на активистката против ропството Хериет Табмен ќе го замени поранешниот американски претседател Ендрју Џексон на банкнотата од 20 долари, најави администрацијата на Џо Бајден
Студија која се занимава со реакциите на Ковид-19 во светот откри, се тврди во заклучокот, дека задолжителното „затворање“ (локдаун) на почетокот на пандемијата можеби не придонело за забавување на болеста повеќе од некои доброволни мерки, како што се одржување физичко растојание или избегнување патување
Во Франција продолжи да расте бројот на пациенти во болниците примени поради компликации од Ковид-19, откако вчера надмина вкупна бројка на хопситализирани од 27.000, од кои над 3.100 се сместени на Одделенијата за интензивна нега, се наведува на веб-страницата на француската Влада
Германија размислува за натамошно заострување на ограничувањата за патувања, па и за драматично намалување на воздушниот сообраќај поради загриженоста од новите мутации на коронавирусот, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Хорст Зехофер
Јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави дека во телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден се согласиле дека билатералниот сојуз меѓу двете земји треба да биде засилен, во време кога Кина ја шири својата економска и воена моќ
Белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден предупреди дека протестите против мерките за контрола на коронавирусот во Холандија може да се пренесат во Белгија и им издаде инструкции на локалните власти како да се ограничи ризикот од пренесување на инфекцијата за време на можни немири
По привременото одложување на производството на вакцини, фабриката „Фајзер“ во белгискиот град Пурс го врати распоредот на испораки до коминтентите во нормала, соопшти денеска компанијата
Судот во Химки, предградие на Москва, денеска треба да донесе одлука по жалбата за 30-дневниот предистражен затвор на рускиот дисидент и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, јави ДПА
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб во првиот телефонски разговор ги потврдија посебните односи помеѓу САД и Велика Британија