Сите патници кои од 8 февруари со авион ќе пристигнат во Швајцарија, за влез во државата ќе мора да покажат негативен ПЦР тест, кој не смее да биде постар од 72 часа.
Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека постои причина за загриженост во врска со влијанието на некои мутации на коронавириусот врз вакцините, но научниците имаат многу опции за прилагодувања, со цел да се обезбеди ефикасност на вакцините и лековите.
Сомнителниот пакет во фабриката во Велс каде што се произведува вакцината на АстраЗенека против Ковид-19 е безбеден и распоредот на производството не е нарушен, соопшти денеска компанијата Вокхард УК.
Словенија денеска на меѓународниот финансиски пазар се задолжи за 500 милиони евра преку државни обврзници со рок на доспевање од 60 години, што е најдолга доспевање досега, соопшти словенечкото Министерство за финансии.
Ентони Блинкен денеска ја презеде функцијата државен секретар на САД и во својата прва изјава вети дека ќе ги подобри односите со глобалните партнери и ќе му покаже на светот дека САД можат да имаат водечка улога, истовремено решавајќи го проблемот со климатските промени и други сложени прашања.
Горниот дом на рускиот Парламент едногласно го ратификуваше договорот за контрола на нуклеарното оружје – Нов СТАРТ на пет години, што беше предложен од претседателот на Русија, Владимир Путин.
Стејт департментот ја преиспитува одлуката на претходната американска администрација на Доналд Трамп, според која Кина извршила геноцид и злосторства против човештвото со репресија врз муслиманите Ујгури кои живеат во регионот Синџанг, изјави кандидатката на Џо Бајден за амбасадор на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд.
Претседателот на Танзанија Џон Магуфули денеска изјави дека на неговата земја не и треба карантин затоа што Господ ги штити жителите од коронавирусот и оти домашните „лекови“ како што е вдишување водена пареа, се поефикасни од вакцините.
Дипломатот Линда Томас-Гринфилд, од претседателот Џо Бајден предложена за амбасадор на САД во ОН, денеска е на сослушување пред сенатската Комисија за надворешна политика, за утврдување на нејзината кандидатура.
Речиси 96.000 луѓе починаа од коронавирус во светот за една недела. Ова е рекорд за период од седум дена од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).