Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ денеска потврди дека привремено ќе ги намали испораките на вакцината за коронавирус во Европа, се додека не го зголеми производствениот капацитет на две милијарди дози годишно.
Парламентарните избори во Каталонија, во североисточна Шпанија, се поместени од 14 февруари на 30 мај, поради ширењето на новиот коронавирус во последните денови, соопшти денеска каталонската Влада.
Шефот на Пентагон, Кристофер Милер, денеска соопшти дека бројот на американски војници во Авганистан е намален на 2.500, како и во Ирак, во согласност со желбата на претседателот во заминување Доналд Трамп да стави крај на „бесконечните војни“.
Норвешките власти оставија на лекарите да одлучат кој треба да се вакцинира против Ковид-19.
Повеќе од 150.000 отпечатоци од прсти, ДНК и досиеја за апсења се избришани од базата на податоци на британската полиција, објавија медиумите на островот
Санофи, најголемата фармацевтска компанија во Франција, може да помогне во производство на странски развиени вакцини против Ковид-19 во очекување на лансирање на сопствена вакцина, која нема да биде готова со месеци
ЕУ поддржува воведување потврда за вакцинирање против новиот коронавирус што би била „взаемно призната“. Тоа го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен
Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден го доби својот нов официјален претседателски профил на Твитер, но беше принуден да го активира со нула следбеници
Во врска со најавата дека Унгарија, поради „бавната испорака на европските вакцини“, размислува за увоз на „лесно достапни кинески вакцини“, Брисел порача дека „нема потреба“ за билатерална набавка на дополнителни вакцини, без да се преговара со Кина на ниво на ЕУ
Француското финансиско обвинителство (ПНФ) почна истрага за злоупотреба на функцијата во рамки на консултантски активности во Русија на поранешниот француски претседател Никола Саркози, јавија француски медиуми кои се повикуваат на извори блиски до истрагата