Идниот шеф на ЦИА, Вилијам Бернс, совршено се вклопува во визијата на новата влада во Вашингтон дека САД мора прво да се обноват, закрепнат и економски, и социјално, и политички, и демократски, за потоа да можат да го вратат водечкото влијание и улога во светот, но и натаму остануваат непознаниците за суштината на новото сојузништво со Европа.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро изјави дека тој може малку да направи за епидемијата со Ковид-19 и оти „повеќе би сакал да биде на плажа“.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас синоќа распиша парламентарни избори на 22 мај, први од 2006 година, кога исламистичкиот Хамас го победи умерениот Фатах.
Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе го избере нејзиниот наследник, а во трката за партиски шеф се поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген, шефот на парламентарниот клуб на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц, и актуелниот премиер на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет.
Земјотрес со интензитет од 6,4 степоени соред Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Татарски Теснец во Русија, соопшти Европски медитерански сеизмолошки центар.
Потпретседателот на САД Мајкл Пенс телефонираше на својата наследничка Камала Харис и и честиташе за нејзината идна позиција, рекоа две лица запознати со нивниот разговор, кои побарале да не бидат именувани, јави Си Ен Ен.
Портпаролоката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова се согласи со изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека дијалогот меѓу Москва и Вашингтон не е подобрен во последните четири години.
Повеќето Унгарци сметаат дека вакцината е единствениот начин да се сузбие пандемијата на коронавирус, а се повеќе луѓе ја изразуваат својата подготвеност да се вакцинираат, покажа денеска објавената студија на фондацијата „Сазадвег“.
Русија разви „имунитет на стадо“ против Ковид-19 и покрај релативно ниската стапка на инфекција во споредба со другите земји, изјави денеска шефицата на Руската федерална служба за надзор на заштитата на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето Ана Попова.
Вонредниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет.