Инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ќе се одржи на 20 јануари, но иако се очекува таа да биде главно виртуелна, тој и понатаму се надева дека церемонијата ќе се спроведе традиционално, на скалите на Капитол Хил
Јапонската Влада денеска соопшти дека ќе ја продолжи и прошири вонредната состојба, што од минатата недела веќе ја прогласи за регионот Токио, на уште седум префектури, бидејќи земјата во моментов се бори со засилен бран на коронавирусот
Повеќе од 350 припадници на мафијата, политичари, правници, бизнисмени и други обвинети ќе се појават на суд во јужниот калабриски град Ламези Терме
Веганска компанија му нуди на „најголемиот месојадец во Велика Британија“ можност да заработи 50.000 фунти (околу 56.140 евра), доколку стане веган на три месеци
Најпознатиот руски дисидент Алексеј Навални, кој го обвини Кремљ дека го отрул во август минатата година, планира во недела, на 17 јануари, да се врати во Москва, јави ДПА
Индонезија денеска започна една од најголемите светски кампањи за вакцинација против Ковид-19, а шефот на државата Џоко Видодо е меѓу првите кои ја примија првата доза на вакцината КоронаВак, која ја разви кинеската компанија „Синовак Биотек“
Десетици демонстранти носејќи факели, мегафони и знамиња во зората протестираа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, барајќи оставка и потсетувајќи го на неговото судење за корупција, што ќе продолжи во февруари
Американскиот државен секретар, Мајкл Помпео, во последен момент го откажа патувањето за Европа откако шефот на луксембуршката дипломатија и високи претставници на ЕУ одбија да се состанат со него, јавија британските медиуми, повикувајќи се на дипломати запознати со ситуацијата
САД ја извршија првата федерална егзекуција на жена по речиси седум децении, соопшти американското Министерство за правда
Веб платформата Јутјуб соопшти дека го суспендирала каналот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп бидејќи го прекршил правилото за корисници, со кое е забрането поттикнување насилство, по минатонеделниот упад во Конгресот на САД од страна на неговите приврзаници